Во Србија протест и генрален штрајк на просветните работници
Протестите на просветните работници, поддржани од студентите беа одржани во повеќе градови, а според Независниот синдикат над 50 отсто училишта денес ја прекинаа работата и прогласија генерален штрајк во наредните денови.

Во Србија денес почнува второто полугодие во образовниот систем, но повеќето студенти, наставници, ученици и професори се на платото пред Филозофскиот факултет во штрајк.
Протестите на просветните работници, поддржани од студентите беа одржани во повеќе градови, а според Независниот синдикат над 50 отсто училишта денес ја прекинаа работата и прогласија генерален штрајк во наредните денови.
„Ова е протест на просветните работници, престанок на работата, со што го покажуваме незадоволството и реагираме на заканите и на се она што овие денови ни се случува, да го вратиме интегритетот на професијата и да застанеме зад студентите“, изјави наставник од Филолошката гимназија-Белград.
„Одлучивме да застанеме зад студентите, во борбата за воспоставување на владеењето на правата и сузбивање на систематската корупција. Убедени сме дека од почетокот на учебната година поважно е да почнат сеопфатни промени во Србија. Ги поддржуваме студентските протести и бараме оставка на министерката за образование“, изјави наставник од гимназијата во Ваљево.
Милош Вучевиќ, премиерот на Србија, изјави да „повеќе од 80 отсто од училиштата нормално ја одржуваат наставата“ и најави дека од вторник „просветните инспектори ќе се упатат кон училиштата кои спротивно на законот ја прекинаа наставата“.
Беше оддадена и 15 минутна тишина за трагедијата во Нови Сад, но и за денес починатите осум пензионери од Домот за стари лица во Бараево.
Оливер Бранковиќ, постојан дописник од Белград за МРТ
