Здравство

Бројот на заболени од грип во пораст

20.01.2025 15:15

Викендов беа полни дежурните амбуланти во Детската болница „Козле“, на Детска клиника како и на Инфективната клиника. Пациенти со грип, бараа лекарска помош...

Викендов беа полни дежурните амбуланти во Детската болница „Козле“, на Детска клиника како и на Инфективната клиника. Пациенти со грип, бараа лекарска помош.

Директорот на Инфективна вели, се е во рамките на очекуваното за овој период од годината.

Малите деца и тие во предучилишна возраст биле најчестите пациенти во амбулантите на клиниката во Козле, викендов. Синцицијалниот вирус и грипот, причина за хоспитализација на седумдесетина деца.

На Детската клиника освен со грип, лекарска помош барале и поради ротавирус.

Иако за една недела за трипати беше зголемен бројот на новорегистрирани со грип, професорот Даниловски вели, децата треба да одат на училиште.

Пациентите со кревко здравје и оние повозрасните од грипот се заштитија со вакцина. Годинава се вакцинирани повеќе од 70 илјади граѓани.

 

Наташа Јанчиќ - Менковски