Кривичен суд

Судењето за убиствата на Панче и на Вања продолжи со нови поднесоци, ново рочиште е закажано за 27-ми јануари

20.01.2025 16:25

Судењето за убиството на младата Вања и велешанецот Панче продолжува со нови поднесоци. Претседателот на Кривичен го одбил барањето на првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо да го промени судијата во предметот...

Снимки од надзорни камери – презентирани на рочиштето за двојното убиство. Обвинителството ги изнесе своите докази за движењето низ Скопје на Цитроенот и реното Кангу, двете возила со кои се превезувале обвинетите пред и по убиствата. Обвинителката тврди биле евидентирани од системот Сејф сити – додека за одбраната овие докази се безвредни.

Се презентираа и сет снимки кои според Обвинителството докажуваат дека обвинетиот Влатко Кешишев на бензинска кај Транспортниот центар наточил гориво во канистер со кое подоцна е запален цитроенот за да се уништат доказите.

 

Анита Димитријевска – Велковска