Македонија

Локализиран пожарот во домот за стари лица во кавадаречкото село Чемерско

20.01.2025 18:29

Локализиран пожарот во домот за стари лица во кавадаречкото село Чемерско. Сите 30 станари биле хоспитализирани и се во стабилна состојба. Со навремена интервенција,избегната голема човечка трагедија...

Локализиран пожарот во старскиот дом „Доктор Јанески“ во кавадаречкото село Чемерско. Вкупно 30 луѓе кои се корисници на домот, се пренесени во болницата во Кавадарци и сите се во стабилна состојба, велат од домот. Пожарот настанал на покривот на зградата, и набрзо е локализиран.

Луѓето веднаш биле пренесени од домот со возила на Итната медицинска помош од Свети Николе, Велес, Кавадарци и Неготино, рече градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. На терен излегле 10 пожарникари со три противпожарни возила.

Станува збор за повозрасни лица со посериозна состојба кои биле примени претходно. Дел од нив вдишале чад од пожарот.

Противпожарните служби реагирале брзо и била избегната голема човечка трагедија.

 

Борис Грујоски