Временска прогноза
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег
21.01.2025 07:59
Преку денот променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините...

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Преку денот променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Врнежите ќе бидат со слаб, а во западните делови со умерен интензитет.
Во Скопје, претпладне со појава на магла, преку денот претежно облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд и снег.
