Украина

Војната во Украина не стивнува

21.01.2025 08:27

Зеленски се надева на праведен мир откако новиот американски претседател Трамп и официјално ја презеде функцијата, додека Москва потврди дека е отворена за дијалог...

Војната во Украина не стивнува. Руските трупи напредуваат на истокот од земјата додека дронови се пресретнуваат на двете страни. Зеленски се надева на праведен мир откако новиот американски претседател Трамп и официјално ја презеде функцијата, додека Москва потврди дека е отворена за дијалог.

„Украинците се подготвени да работат заедно со Американците за да се постигне мир, вистински мир. Ова е можност тоа мора да се зграпчи“, изјави Володимир Зеленски – претседател на Украина.

„Целта не треба да биде кратко примирје, не, некаков вид одмор за прегрупирање на силите и повторно вооружување со цел продолжување на конфликтот, туку долгорочен мир заснован на почитување на легитимните интереси на сите луѓе и народи кои живеат во овој регион“, изјави Владимир Путин – претседател на Русија.