Јужна Кореја

Јун Сук Јеол се појави на сослушување во судот

21.01.2025 08:34

Приведениот лидер ќе расправа и одговора на прашањата во врска со неговата одлука за воведување воена состојба на 3 декември минатата година...

Разрешениот јужнокорејски претседател Јун Сук Јеол пристигна во Уставниот суд на сослушување за неговото судење за отповикување. Приведениот лидер ќе расправа и одговора на прашањата во врска со неговата одлука за воведување воена состојба на 3 декември минатата година. Јун претходно изјави дека бил цврсто посветен на слободната демократија и дека ќе одговори на сите прашања.

„Ова е судење и затоа очекувам да го каже својот став“, изјави Јун Кап-Кеун - адвокатот на претседателот.

Јун пред неколку дена беше уапсен во масовна операција во неговиот претседателски комплекс во Сеул. Се соочува со продолжен притвор и можна затворска казна поради обвиненија за бунт.. Ова е првпат јужнокорејски претседател да се појави на сослушување во Уставниот суд.