Колумбија

Најавено воведување вонредна состојба во Колумбија

21.01.2025 08:38

Густаво Петро најави воведување вонредна состојба во земјата и офанзивни акции против бунтовничките групи на Националната ослободителна армија по серијата напади на североистокот во Кататумбо...

Колумбискиот претседател Густаво Петро најави воведување вонредна состојба во земјата и офанзивни акции против бунтовничките групи на Националната ослободителна армија по серијата напади на североистокот во Кататумбо- стратешкиот регион богат со листови кока во близина на границата со Венецуела. Во серијата напади загинаа над 80 луѓе, а илјадници беа принудени да избегаат.

„Заминавме поради насилствата. Вооружена група дојде до куќите и ни кажа да ја напуштиме областа веднаш“, изјави Сандра Делгадо - раселена жителка.

Ескалацијата на насилствата доаѓа по неуспешните обиди за мировни преговори меѓу државните власти и бунтовниците.