Андоновски ќе информира за донесувањето на Националната стратегија за сајбер безбедност 2025 – 2028
Министерот Андоновски на јавната расправа за донесување на Националната стратегија за сајбер-безбедност 2024-2028 одржана на 1 ноември 2024 година, истакна дека стратегијата е стратешки документ и „сеопфатна рамка за акција која ќе обезбеди координиран национален одговор на современите сајбер-закани и ќе придонесе за побезбедна дигитална иднина на нашата држава“...

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска на прес-конференција ќе информира за донесувањето на Националната стратегија за сајбер безбедност 2025 – 2028.
Министерот Андоновски на јавната расправа за донесување на Националната стратегија за сајбер-безбедност 2024-2028 одржана на 1 ноември 2024 година, истакна дека стратегијата е стратешки документ и „сеопфатна рамка за акција која ќе обезбеди координиран национален одговор на современите сајбер-закани и ќе придонесе за побезбедна дигитална иднина на нашата држава“. Изработена е, како што рече тогаш, со највисоко ниво на транспарентност и инклузивност зашто ги вклучила сите засегнати страни.
Појасни дека стратегијата има пет столба – првиот е градење силни национални капацитети за сајбер-безбедност со воспоставување квалитетна структура која ќе овозможи да ги зајакнеме нашите одбранбени капацитети во сајбер-просторот. Како што рече, во сржта на оваа структура ќе биде новиот сектор за сајбер-безбедност во рамки на Министерството за дигитална трансформација.
