Скопје

Дел од Бутел, Чучер Сандево и Илинден без струја

21.01.2025 09:09

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Бутел, Чучер Сандево и Илинден, соопшти РЦУК – Скопје...

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Бутел, Чучер Сандево и Илинден, соопшти РЦУК – Скопје.

Во периодот од 09:00 до 13:00 часот без струја ќе останат корисниците од ул. „18“ броеви од 30 до 40 и ул. „Радишанска“ броеви од 40 до 70 во општина Бутел, додека во период од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците во селото Мирковци во општина Чучер Сандево.

Во период од 09:00 до 14:00 часот без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците од ул. „Мршевци“ кон Бујковци во општина Илинден.