УХМР

Најстудено утрово во Битола, најмногу снег на Попова Шапка

21.01.2025 09:17

Најниска температура од минус шест степени утрово е измерена во Битола, а највисока од два степени во Охрид, информира УХМР...

Најниска температура од минус шест степени утрово е измерена во Битола, а највисока од два степени во Охрид, информира УХМР.

Во Прилеп измерени -5 степени, во Тетово, Штип, Виница и Куманово -3 , во Дебар, Кавадарци и Попова Шапка -2, во Скопје-Зајчев Рид,  Крива Паланка, Демир Капија, Струмица, Берово, Велес, Маврови Анови и Лазарополе -1, во Скопје-Петровец и Крушево 0 степени и еден степен во Претор и Гевгелија.

Висината на снежната покривка изнесува 46 сантиметри на Попова Шапка, 42 во Маврови Анови, 22 во Крушево, 17 во Битола, 10 во Дебар, 9 во Тетово, 7 во Демир Капија, 6 во Штип и Берово и 5 степени во Лазарополе.

Претпладне по одделни котлини има појава на магла и ниска облачност.