Свет

Трамп стапи на функцијата претседател на САД

21.01.2025 10:13

Доналд Трамп стана 47-от претседател на САД. На првиот ден потпиша низа укази…

Почнува златното време на Америка, вака Доналд Трамп го почна инаугурацискиот говор по заклетвата во Капитол. Вети борба со миграцијата, силна економија, зајакнување на автомобилската индустрија, излегување од парискиот климатски договор.

Рече дека ќе ја направи Америка поголема, посилна и попросперитетна. Веднаш по инаугурацијата, Трамп во преполна сала потпиша редица извршни наредби.

Стојан Трпчевски известува од Вашингтон