МВР

Во Охрид приведен бегалец од Идризово

21.01.2025 13:56

Вчера на улицата Пере Тошев во Охрид, беше приведен Б.И. (35) од селото Горно Татеши, Струга, баран со централна потерница...

Вчера на улицата Пере Тошев во Охрид, беше приведен Б.И. (35) од селото Горно Татеши, Струга, кој бил баран со централна потерница од затворот Идризово поради бегство, информира МВР.

Б.И. е осуден за кривично дело „тешка кражба“ на казна затвор од осум години и седум месеци, а за доиздржување има пет години, седум месеци и осум денови.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа, стои во соопштението.