Македонија

Ученик падна од трет кат во училиште во Прилеп, пренесен на Клиниката за детска хирургија

21.01.2025 12:14

Ученикот се здобил со повреда на пршлените и скршеници на петиците на нозете. Состојбата на детето е стабилна и детето е надвор од животна опасност...

Единаесет годишник тешко повреден откако падна од трет кат во училиште во Прилеп. Ученикот веднаш е префрлен во прилепска болница, а од таму итно е испратен и хоспитализиран во Клиниката за детска хирургија во Скопје.

Ученикот се здобил со повреда на пршлените и скршеници на петиците на нозете. Состојбата на детето е стабилна и детето е надвор од животна опасност, вели директорот на детска хирургија Лазар Јовчевски.

Несреќата се случила во втората смена на големиот одмор, кога сите ученици биле излезени во дворот.