Трговија со органи

Дик Марти: Има основа за обвиненија против водачите на ОВК

30.07.2014 18:50

Има основа за обвиненија против поранешни водачи на ОВК, за трговија со органи, убиства и киднапирање на малцинствата за време на војната на Косово, меѓу кои и премиерот во заминување, Хашим Тачи, изјави човекот кој прв јавно проговори за злосторствата, Дик Марти. 

„Извештајот имплицира обвиненија против европските политичари во минатото, особено против тие што одлучуваа за Косово и тие што ја поддржуваа неговата политичка класа којашто беше се само не транспарентна и чесна“, изјави Дик Марти, поранешен известувач на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Случаите тешко ќе се докажат, смета марти. Стари се 15 години, а многу од сведоците исчезнале, умреле или се недостапни.