Блиски исток

Жените и децата го понесоа најголемиот товар од војната

21.01.2025 15:24

Жените и децата од Газа и од Израел го понесоа најголемиот товар од војната. Меѓу киднапираните заложници сè уште има неослободени мајки и бебиња. Ситуацијата е мошне емотивна …

Жените и децата од Израел и Газа го понесоа најголемиот товар од конфликтот. Новородени бебиња како страдаат додека некои мајки крварат до смрт. Двете многу мали израелски деца киднапирани на 7-ми октомври сè уште не се ослободени, алармираа од УНИЦЕФ. Сега, договорот меѓу завојуваните им даде надеж на мајките од двете страни дека нивните деца и внуци ќе им ги врати во прегратките. Многу емоции, многу солзи се помешаа кога првите ослободени заложнички Емили, Дорон и Роми после година и пол се гушнаа со своите мајки.

„Сакам да им се заблагодарам на сите кои никогаш не престанаа да се борат за Емили во текот на оваа ужасно искушение и кои никогаш не престанаа да го кажуваат нејзиното име“, рече Менди Дамари, мајка на Емили.

Се славеше и на другата страна додека пристигнуваа автобусите со палестинските затвореници, пред сè жени.

„Тешки чувства. Прво, чувството на слобода, и им благодариме на сите за оваа слобода. А од друга страна, болката за загубата на голем број маченици. Ова е двојно чувство со кое живееме. Состојбата во затворот е многу тешка и им посакуваме слобода на машките и женските затвореници“, рече Калида Џарар, ослободена затвореничка.

„Нашата слобода нема да биде целосна додека не се врати обновата на Газа и животот во неа“, изјави Хадиа Шатара, ослободена затвореничка.

Во конфликтот дури 70 проценти од убиените беа жени и деца, а бројката и меѓу заложниците е приближно иста. Најмногу загрижуваат извештаите на меѓународните организации за случаи на сексуални злоупотреби и насилства над жените и децата и меѓу киднапираните и меѓу затворениците.

Фиљана Кока