Македонија

Андоновски: Ако мерките потфрлат, Тик-ток ќе се забрани

21.01.2025 15:47

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски попладнево изјави дека е против заземање страна во поглед на забранување апликации како Тик-ток, но, можноста за нешто такво на надлежните „им стои на располагање“.

Ако мерките потфрлат, платформата Тик – ток во земјава ќе се забрани, вели министерот Андоновски, но според него, тоа би бил последен чекор кој би го презела Владата за справување со штетните влијанија од т.н. тик-ток предизвици.

Во меѓувреме педагошките служби во училиштата добиле упатства како да ги едуцираат учениците за последиците. Оваа стратегија следува откако зачестија инцидентите во кои се повредени тинејџери кои прифатиле предизвици од познатата социјална мрежа.

За да се справи со дезинформациите, хибридните закани како и дојавите за бомби, Владата усвои тригодишна Национална стратегија. Ќе формира Совет за сајбер безбедност и Централен систем за одговор на инциденти.

Анита Димитријевска – Велковска