Собрание

Вжештена реторика на расправата за Законот за заштита на децата

21.01.2025 17:19

Измените на Законот за заштита на децата повторно пред пратениците. Претходно претседателката Сиљановска Давкова не го потпиша указот за негово прогласување. ВМРО-ДПМНЕ поднесе два амандмани откако со Вреди постигнаа консензус. Се предвидува можноста тестирањето и лиценците за работа на негувателките во градинките да може да бидат и албански по барање, и дека тоа е согласно со Уставот…

Со вжештена реторика во македонското собрание мина повторната расправа за законот за измени и дополнување на Законот за заштита на децата. Законот се врати во законодавниот дом, откако претседателката Гордана Сиљановска Давкова не го потпиша указот за негово прогласување.

Во нејзиното образложение се вели дека законот има спорни одредби и дека се надева дека пратениците ќе ги земат предвид нејзините забелешки, со цел законот да биде во согласност со Уставот.

Во рамките на ова трето читање, поднесени се шест амандмани, два на ВМРО – ДПМНЕ, два на Левица и два на СДСМ. Зелено светло од пратениците доби само амандманот на ВМРО – ДПМНЕ.

Од Левица, со обвинувања дека власта како што велат ја спроведува Тиранската платформа. Од СДСМ пак, обвинија за прекршување на деловникот за работа на Собранието, при претходната расправа за законот.

Обраќањето на Апасиев, од коалицијата Вреди го оценија како неонацистички говор. За ДУИ пак, предложените амандмани се противзаконски.

Марија Котовска