Турција

Ден на жалост во Турција по смртоносниот пожар во Карталкаја

22.01.2025 08:20

Ден на жалост во Турција по смртоносниот пожар што изби во хотел во популарниот ски центар во Карталкаја во кој загинаа 76 луѓе.

Ден на жалост во Турција по смртоносниот пожар што изби во хотел во популарниот ски центар во Карталкаја во кој загинаа 76 луѓе. 45 од нив се идентификувани и вратени на семејствата. Меѓу десетиците повредени, еден е во тешка состојба. Властите потврдија дека истрагата е во тек и дека има приведени лица.

„Поради инцидентот по наредба на главното обвинителство се приведени девет лица. За најмалку 10 дена ќе ја завршиме оваа истрага и ќе ги имаме одговорите на сите прашања, сè ќе биде разјаснето“, изјави Али Јерликаја, министер за внатрешни работи на Турција.

Сведоците и извештаите сугерираат дека противпожарниот систем не работел. Во моментот на несреќата во хотелот имало 238 пријавени гости. Пожарот избувнал во ресторанот на четвртиот кат од објектот, а потоа брзо се проширил поради дрвената фасада.