Ракомет

Сефте за јуниорите на ЕП

30.07.2014 20:53

Прва победа на македонските ракометни јуниори на ЕП во Австрија за играчи до 20 години.

Во групата во која се игра за пласман од 13-16 место, совладана е Швајцарија со 34-30.

Победа си е победа без оглед на тоа што нема резултатско значење и нема да влијае врз подобрување на конечниот пласман на овој шампионат.

Конечно во петтиот обид нашите младинци го остварија првиот триумф на Евро-шампионатот на кој се појавуваат по десет години. Без резултатски императив, опуштени и расположени за надигрување, избраниците на Зоран Петковски одиграа квалитетно, рационално и ефикасно против врсниците од Швајцарија кои бркаа висока победа за прво место во групата.

Само до средината на првото полувреме можеа да се надеваат на тоа, зашто оттогаш македонските јуниори заиграа на високо ниво и успеаја да ја поништат предноста на противникот и да заминат на пауза со водство од 14-13.

Со зголемена самодоверба за само 10 минути во продолжението нашите надежи со серија од 8-4 ја изградија клучната предност. Што до крајот рутинирано ја сочуваа.

Борјан Маџовски и Мартин Манасков со 7 и Филип Талески со 6 гола беа предводници во победата што не остави на четвртатат позиција во групата по двете рунди.

Разигрувањето за пласман од 13-16-то место го финишираме со два меча во кои ни се потребни две победи за највисоко 13-то место на крајот на ЕП во Австрија.

Прво вкрстуваме против Словачка , а потоа Израел или Естонија ќе ни бидат противници.