Путин и Зеленски со различни ставови за мир
Рускиот и кинескиот претседател Путин и Џинпинг на видеоповик, ден по преземањето на функцијата на американскиот претседателот Трамп...

Рускиот и кинескиот претседател Путин и Џинпинг на видеоповик, ден по преземањето на функцијата на американскиот претседателот Трамп, нагласувајќи ги заедничките интереси и важната стабилизирачка улога на двете земји во глобалните работи. Од Кремљ соопштија дека Путин му потврдил на Си дека целта на украинското решение не треба да биде краткорочен прекин на огнот туку долгорочен мир заснован на руските интереси. Зеленски пак, е за праведен крај на војната, во интерес на Украина.
„Сакаме да ја завршиме војната оваа година, но не само брзо, туку пред сè праведно, сигурно за сите нас, за Украинците. За да можат да се вратат дома, да живеат безбедно и да работат“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Тој е убеден дека новиот шеф на Белата куќа, Трамп, годинава ќе вложи максимални напори за да се стави крај на војната. Иако се очекуваше, од Кремљ потврдуваат дека сè уште нема подготовки за телефонски разговор меѓу Путин и Трамп.
