Израел

Терористички напад во Тел Авив

22.01.2025 08:23

Четири лица се ранети во напад со нож во Тел Авив, напаѓачот е убиен-потврдија израелските власти...

Четири лица се ранети во напад со нож во Тел Авив, напаѓачот е убиен-потврдија израелските власти продолжувајќи со операциите против терористите на Западниот Брег. За Нетанјаху тие се чекор до постигнувањето на целта. Генералниот секретар на ОН Гутереш повика на максимална воздржаност. Во Газа примирјето се почитува. Хуманитарните агенции потврдија дека од почетокот на прекинот на огнот влегле 2.400 камиони со помош.

„Овој пат видов дека работите се подобруваат. Треба да останеме фокусирани на внесување што е можно повеќе помош“, изјави Муханад Хади, заменик специјален координатор на ОН за блискоисточниот мировен процес.

Додека Палестинците ги расчистуваат урнатините по 15 месечната војна, Катар повика на глобална поддршка за одржување на прекинот на огнот во Газа и спроведувањето на втората фаза од договорот. Следната група заложници треба да биде ослободена в сабота-потврди Хамас.