САД
Се зголеми бројот на жртви во Лос Анџелес
22.01.2025 08:56
Во пожарот во округот Итон, кој зафати повеќе од 14.000 хектари во населбата Алтадена, загинаа најмалку 17 лица, во округот Палисејдс загинаа 11 лица...

Бројот на жртви во пожарите во Лос Анџелес се искачи на 28, соопштија денеска локалните власти.
Во пожарот во округот Итон, кој зафати повеќе од 14.000 хектари во населбата Алтадена, загинаа најмалку 17 лица.
Во пожарот во округот Палисејдс, кој уништи повеќе од 23.000 хектари, загинаа 11 лица, објавија тамошните медиуми.
