Грција

Земјотрес со јачина од 5,1 степен на грчкиот остров Лезбос

22.01.2025 09:11

Земјотресот беше почувствуван и на околните острови, но и во дел од турското крајбрежје што е во близина...

Силен земјотрес со јачина од 5,1 степен синоќа беше регистриран во морскиот дел северно од грчкиот остров Лезбос.

Земјотресот беше почувствуван и на околните острови, но и во дел од турското крајбрежје што е во близина.

Во текот на ноќта следеа осум помали земјотреси.

Не се регистрирани материјални штети.