САД

Мицкоски на средба со македонската дијаспора во Њу Џерси

22.01.2025 10:25

Премиерот Христијан Мицкоски на средба со македонската дијаспора во Њу Џерси. Важно е врската меѓу Македонија и Македонците низ светот никогаш да не престане. Борбата за македонското прашање треба да ја водиме заедно, и дома и во светот, порача премиерот…

Важно е врската меѓу Македонија и Македонците низ светот никогаш да не престане. Борбата за македонското прашање треба да ја водиме заедно, и дома и во светот-порака од премиерот Христијан Мицкоски на средбата со дијаспората во црквата Свети Никола во Тотова, Њу Џерси. Рече дека нема посилна потврда за македонскиот идентитет од тоа ако има повеќе македончиња, независно каде се родени и нема подобар начин потомството од мали нозе да се учи на традицијата.

„Таа борба ќе продолжи. Како генерација имаме дефинирана цел таа борба да ја оствариме. Таа борба, за еден од најмалкубројните народи во Европа, се плашам дека не е доволна. Ќе треба да победуваме во Вашингтон, во Њујорк, во Брисел, и во други светски градови, ако сакаме македонското прашање конечно да добие разврска … Затоа е важно оваа врска што ја има татковината, со Македонците надвор од татковината, да продолжи да функционира и да биде уште посилна и таа соработка да ја креваме на повисоко ниво“, нагласи премиерот Мицкоски.

За средбата на премиерот Мицкоски со дијаспората во Њу Џерси известува Стојан Трпчевски.