Ројс не сака да биде „милионер“, Лукаку си оди од Челзи
Марко Ројс, кој поради повреда го пропушти Мундијалот во Бразил, не сака да ја продоли верноста со Борусија Дортмунд.
Тој има договор со „милионерите“ до 2017-та, но веќе идната година се активира клаузулата од договорот која ќе му овозможи да си замине од клубот за сума од 35 милиони евра.
Малку пари за гигантите од типот на Баерн, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Ливерпул, кои сакаат да го видат во своите редови.

Белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку се договори со англискиот премиер лигаш Евертон и ќе стави потпис на петгодишна верност со овој клуб.
Минатат сезона напаѓачот беше позајмен на „Гудисон Парк“ од Челзи и откако му стана јасно дека оваа сезона нема да ја добие посакуваната минутажа во екипата од „Стемфорд Бриџ“, побара од менаџерот Жозе Мурињо да си замине од клубот.