Економија

Истенчен џеб на граѓаните по празниците

22.01.2025 12:35

Јануари го истенчи семејниот буџет. Граѓани реагираат дека по завршувањето на „новогодишната кошница“, трговците ги вратиле старите цени. Комисијата за заштита на конкуренцијата со полни раце работа...

Јануари го истенчи џебот на граѓаните. Некои се жалат дека не можат да врзат крај со крај во месецот што им се чини како најдолг, други велат дека домаќински го планираат домашниот буџет, трети реагираат дека по завршувањето на новогодишната кошница, трговците ги вратиле старите цени.

Комисијата за заштита на конкуренцијата ќе има полни раце работа. Се внимава дали се почитува Законот за спречување нефер трговски практики.

До Нова година беа оформени 50 предмети поради кршење на Законот за нефер трговски практики. Казните се и до 20 илјади евра.

 

Александра Велинова