ЦУК

Потребна е реформа на системот за управување со кризи, заклучи Управниот комитет

22.01.2025 15:46

Македонија не може да се справи со кризи зашто има нефункционален систем за заштита и спасување, заклучи Управниот комитет. За да не нè изненади снегот во јануари или пожари налето, потребни се системски промени...

Македонија не може да се справи со кризи оти има тотално нефункционален систем за заштита и спасување, заклучено е на состанокот на Управниот комитет за заштита и спасување. За да не нè изненади снег во јануари и пожари во лето, потребни се системски промени.

Додека не се поправи системот за заштита и спасување, летово ќе се дејствува со превенција за да не дојде до големи пожари во земјава, најави директорот на Центарот за управување со кризи.

Со измени на 19 закони треба да се надмине запуштеноста на капацитетите, недостигот на опрема, возила и персонал за заштита и спасување.

 

Ирина Гелевска