Економија

Што ќе донесе политиката на Трамп, какво ќе биде влијанието врз малите економии?

22.01.2025 16:37

Економски потрес или надеж за економски просперитет? Што ќе донесе политиката на Трамп, какво ќе биде влијанието врз малите економии?...

Малите економии ќе заживеат и ќе мрднат од мртва точка, надеж за економски просперитет. Ова, според економистите, ќе донесе политиката на Доналд Трамп. Ќе има сериозни поместувања на глобално ниво, а се очекува да стивнат воените жаришта, кои изминатиот период беа сериозен удар за сите економии.

Се очекува ЕУ да излезе од рецесија, оти до сега одеше само надолу. Ќе ја следиме ситуацијата со цел и нашата економија да биде поактивна наредниот период, вели универзитетскиот професор Борче Треновски.

Македонија како држава мора да соработува со САД, со цел да привлече нови странски инвестиции.

Американскиот претседател најави дека ќе воведе царини за стоки од Европската унија и Кина.

САД и Европа се стратешки сојузници и важно е да соработуваат, и геополитички и економски.

Според податоците на Европската комисија, во 2023 ЕУ извезла стоки од 502 милијарди евра во САД, а увозот од САД бил над 340 милијарди евра, што резултирало со суфицит.

 

Борис Грујоски