Германска инвестиција во велешката зона Караслари

13.12.2013 19:14

Германски Маркард е првата компанија што ќе гради фабрика во велешката индустриска зона Караслари. Парцелата на која ќе се градат производствените погони е веќе позната, се протега на површина од 15 илјади квадратни метри.

Најавата за 500 вработувања за велешани е надеж дека почнува нова индустриска ера.

„ Младите ќе се задржат во Велес со оваа инвестиција“.

„Луѓето ќе се ослободат малку, ќе почнат редовно да земаат плата“.

„Треба да се почне треба, да се работи, овие млади невработени треба да најдат работа“, велат анкетираните велешани.

Велес ги исполнува сите услови што ги имале инвеститорите, но пресудно било тоа што градот имал индустриска традиција, велат странците.

„Создадовме инфраструктурни услови. Изградена е водоводна и канализациона мрежа. Обезбеден е довод на електрична енергија“, рече Славчо Чадиев, градоначалник на Општина Велес.

Маркард е компанија која има производствени капацитети  во десетина земји. Таа е водечки производител во областа на електронски кола, прекинувачи, контролни и мегатронски уреди, како и електронски делови за врвни автомобилски брендови. Во компанијата има околу 6000 вработени, а во минатата година имала обрт од 650 милиони евра.

„Сите очекувања се дека оваа инвестиција ќе биде мамка и за други странски инвеститори кои своите инвестиции може да ги реализираат во индустриската зона Караслари, но и во новата зона којашто денеска првпат ја објави локалната власт“.

Новинар Дијана Иванова
Снимател и монтажа Никола Василковски