Засилени сообраќајни контроли во Куманово

31.07.2014 10:30

Новите одредби на Министерството за внатрешни работи во делот на сообраќајната култура и казнените мерки сигурно ќе внесат поголем ред во транспортот. Каква е состојбата на кумановските улици?!

Возачите знаат дека треба да ги почитуваат сообраќајните прописи и да ја прилагодат брзината особено на прометни крстосници, но доволно е мало невнимание да се случи несреќа со фатални последици. Да се намали оваа појава која е зголемена  во летниот период кога е поголема раздвиженоста на улиците , правилата треба да ги почитуваат сите учесници во сообраќајот  автомобилите, моторите ,велосипедите и пешаците.

„Треба да се вози согласно ситуацијата на патот , се знае градска возња е со ограничување од 40 км на час... Многу брзо возат ососбено, големите мотори се тркаат на булеварите, треба да има почести контроли...Носам кацига и цела опрема како што треба, не само заради казна ,туку и заради безбедноста“, велат возачите.

На булеварите и фреквентните крстосници во летните месеци зачестени се полициските патроли со цел безбедно и прописно да се одвива сообраќајот.

„Во изминатиот период спроведени се 19 републички акциски контроли, 16 локални и 7 зајакнати со позасилени мерки и активности и на оперативен и на репресивен план“, изјави  Виолета Богдановска началник на оддел за превенција СВР Куманово

Не ретко  страдаат  пешаци не само поради несовесни возачи ,туку и поради нивно невнимание. Полицијата ги повикува на сообраќаји поуки, а исто така и за нив има санкции.

На подрачето на Куманово од почетокот на годината направени се 2.500 алко тестови и одземени 50-тина сообраќајни дозволи.

 

Габриела Димковиќ