УКРАИНА

Зеленски: За да се одбрани од Русија на Украина и треба армија од околу еден милион војници

22.01.2025 19:35

Војната во Украина продолжува. Руските трупи презеле уште една населба во Харковската област...

Војната во Украина продолжува. Руските трупи презеле уште една населба во Харковската област.

Украинската војска соопшти дека биле нападнати со сто беспилотни летала, регистрирани штети во шест региони. Зеленски вели дека на земјата и се потребни милион војници за да се одбрани од Русија додека не се приклучи на безбедносен сојуз.

Американскиот претседател Доналд Трамп сугерираше дека ќе воведе дополнителни санкции доколку претседателот Путин не прифати мировни преговори. Кремљ соопшти дека ставот на Путин за Украина не се променил, долгорочен мир заснован врз руските интереси.