ИЗРАЕЛ

Следната група заложници Хамас ќе ја ослободи в сабота

22.01.2025 19:03

Разговорите за втората фаза од договорот за прекин на огнот во Газа треба да почнат што е можно поскоро, велат од Катар...

Разговорите за втората фаза од договорот за прекин на огнот во Газа треба да почнат што е можно поскоро, велат од Катар.

Следната група заложници треба да биде ослободена в сабота-потврди Хамас. Од почетокот на прекинот на огнот 2.400 камиони помош биле доставени за погоденото палестинско население. Во меѓувреме, израелските власти ги продолжија операциите против милитантите на Западниот Брег. Генералниот секретар на ООН Гутереш повика на максимална воздржаност.

Во Тел Авив четири лица се ранети во напад со нож, напаѓачот е ликвидиран.