Свет

Санчез: Сопствениците на социјалните мрежи мора да одговараат за труење на општеството

22.01.2025 20:35

Сопствениците на социјалните мрежи се обидуваат да „ја соборат демократијата“ и тие мора да одговараат за „труење на општеството“, рече шпанскиот премиер Педро Санчез во обраќање на Светскиот економски форум во Давос.

Санчез вели дека ќе предложи алгоритмите на социјалните мрежи да се направат потранспарентни, на претстојниот состанок на Европскиот совет.

Шпанскиот премиер предупреди дека додека социјалните мрежи имаат голема моќ да ги поврзат луѓето на големи растојанија, но тие имаат и слабости „скриени во утробата на алгоритмите како напаѓачите во стомакот на тројанскиот коњ“.