Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди и температура до 14 степени

23.01.2025 08:10

Времето денеска, променливо облачно со сончеви периоди почести во источниот дел и со слаб југозападен ветер. По котлините ќе има појава на магла и ниска облачност која во текот на денот ќе слабее...

Времето денеска, променливо облачно со сончеви периоди почести во источниот дел и со слаб југозападен ветер. По котлините ќе има појава на магла и ниска облачност која во текот на денот ќе слабее.

Минималната температура ќе биде во интервал од-5 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 14 степени.

Во Скопје променливо облачно и тивко со појава на магла која во средината на денот ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до-1, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Во наредните денови ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со пораст на дневната температура особено на планините. По котлините ќе се задржи магливо и постудено со пониска дневна температурата.

Постојната снежна покривка значително ќе се намалува од крајот на работната недела.