ЕВРОПА

Макрон: Европа мора да се стави на прво место

23.01.2025 08:12

На заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Шолц, Макрон ја повика Европа да троши повеќе за одбраната со цел да ја намали зависноста од Соединетите држави...

Повеќе од кога било, Европа мора да се стави себеси на прво место, став на францускиот претседател. На заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Шолц, Макрон ја повика Европа да троши повеќе за одбраната со цел да ја намали зависноста од Соединетите држави.

„Откако новата администрација во САД ја презеде функцијата, повеќе од кога и да е, Европејците, а со тоа и нашите две земји, треба да ја одиграат својата улога во консолидирање на обединета, силна и суверена Европа – поврзана со трансатлантска врска. Приоритет мора да биде нашата конкурентност, просперитет и нашата безбедност. Да ги зајакнеме демократиите и да го зачуваме нашиот економски и социјален модел“, изјави Емануел Макрон, претседател на Франција.

Реакцијата следува откако американскиот претседател најави царини за ЕУ и Кина од први февруари. Трамп ја критикуваше цената на војната во Украина за американските даночни обврзници со големи пакети за воена помош и јасно стави до знаење дека сака да префрли поголем дел од фискалниот товар на Европа.