БЛИСКИ ИСТОК
Обвинувања кон Тел Авив за прекршување на примирјето
23.01.2025 08:36
Упатени обвинувања кон Тел Авив дека израелски воени бродови го гранатирале брегот на градот Газа, прекршувајќи го договорениот прекин на огнот...

Израелската армија соопшти дека за 24 часа ликвидирале 10 милитанти за време на операцијата „Железен ѕид“ во градот Џенин на Западниот Брег. Палестинското раководство тврди дека цел на акциите биле цивили. Упатени обвинувања кон Тел Авив дека израелски воени бродови го гранатирале брегот на градот Газа, прекршувајќи го договорениот прекин на огнот.
За во сабота планирано е ослободување на нова група заложници во замена за заробеници. Светот повикува на брзо спроведување на сите фази од договорот постигнат меѓу Израел и Хамас.
