САД: Ќе се сузбива миграцијата на јужната граница
Нацртот е дел од плановите на Трамп за сузбивање на илегалната миграција...

Претставничкиот дом на САД го одобри Нацрт-законот со кој се бара притворање на мигранти обвинети за кражби и насилни злосторства. Нацртот е дел од плановите на Трамп за сузбивање на илегалната миграција. Пентагон ќе почне со распоредување на околу 1.500 активни трупи за обезбедување на јужната граница, потврди Белата куќа.
„Претседателот Трамп испраќа многу силна порака до луѓето во светот, ако размислувате да ги прекршите законите на Соединетите Американски Држави, ќе бидете вратени дома. Ќе бидете уапсени. Ќе ве гонат“, изјави Каролин Левит, портпаролка на Белата куќа.
Војниците се очекува да бидат искористени за поддршка, логистика, транспорт и изградба на бариери. Активните сили ќе им се придружат на околу 2.500 членови на Националната гарда и резервните сили на САД.
