Македонија
Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
23.01.2025 09:16
Утрово најстудено е во Берово каде се измерени - 6 степени, најмногу снег има на Попова Шапка каде се измерени 47 сантиметри...

Утрово најстудено е во Берово каде се измерени - 6 степени. По него следуваат и - 4 на Попова Шапка, -3 во Битола, Прилеп, Струмица, - 2 во Лазарополе, Виница, Тетово, - 1 Крива Паланка, 0 Кавадарци, Крушево, Куманово, Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, 1 Демир Капија, Штип, Маврови Анови, Претор, Дебар, 2 Охрид, Велес.
Најмногу снег има на Попова Шапка каде се измерени 47 сантиметри, додека пак 38 сантиметри има во Маврови Анови, 20 во Крушево, 13 во Битола, 5 во Тетово, 2 во Берово и 1 во Штип.
