Кривичен суд

Судот ќе одлучува по барањето за амнестија на обвинетите за случајот „Организатори на 27 април“

23.01.2025 09:37

Во доставеното мислење до Основниот кривичен суд Скопје се истакнува дека барањето на одбраната на обвинетите за примена на законот не може да се спори, особено ако се земат предвид обвинетите и осудените што веќе се амнестирани...

Кривичниот суд треба да донесе одлука по мислењето дадено од Јавното обвинителство за примена на Законот за амнестија за обвинетите за случајот „Организатори на 27 април“, ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристески, како и за поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски.

Мислењето доставено на претходното рочиште во декември лани, не се однесува за поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Скопска Апелација лани во април ја укина првостепената пресуда од јули 2021 година, со која поранешниот спикер Вељаноски беше осуден на шест и пол години затвор, ексминистрите Јанакиески и Ристовски добија казна од шест години и три месеци, додека поранешниот директор на УБК, Атанасовски шест години затвор, и предметот го врати на повторно судење.