Крводарителска акција на познатите туристички локации во Струга

31.07.2014 10:50

И ова лето продолжуваат крводарителските акции низ познатите туристички места во земјава. Последната се одржа во Струга, каде што освен жителите, крв даруваа и голем број туристи, свесни за потребата од оваа драгоцена течност...

Во Струга секоја година во летниот период се прават крводарителски акции на познати туристички места. Спасувањето живот е хумана работа, а крводарителите кои ги затекнавме веќе имаа искуство, но се нашле и во ситуација кога дарувале крв во моментот кога е најпотребна.

Досега имам дадено 9 пати со овој пат, и ова за мене значи спасување нечиј живот. Еднаш на еден од мој другар вујко имаше потреба од крв иста крвна група како мојата и јас и брат ми бевме заедно и помогнавме, рече крводарителот Илоски.

Мене лично не ми требало досега крв, но на мои блиски да. Така да имам во ситуација давано и дирекно во моментот, имаше потреба, вели крводарителот Јованчо Тутенкоски.

Во Струга се наоѓа главниот центар за трансфузиологија, а со самото тоа има потреба од оваа драгоцена течност. Радува фактот што бројот на крводарители е се поголем. Минатата година беше постигнат и максимумот од 100 проценти зацртан во работниот план.

Секое лето ја организираме крајот на јули и одзивот секоја година е се поголем и поголем. Можам да кажам дека крводарителството во нашата Општина од година во година е се по големо во бројки, рече доктор Гоце Попоски.

Струга и ова лето почна со организирање крводарителски акции, ова лето одбравме да почнеме со кафе бар Пливалиште како една од поатрактивните туристички дестинации. Им овозможуваме на сите крводарители на градов и на сите туристи кои сакаат тоа да го направат, нивната хумана страна денес може да се покажи во оваа наша крводарителска акција, вели секретарот на Црвениот крст во Струга, Адуриме Даути.

Во овие крводарителски акции треба да се знае само едно: Со дарување на крв се спасува само живот, а тоа е најдрагоцената работа во светот на хуманоста.

 

Јованчо Наумоски