Грција

Реакција на грчкото МНР за изјавата на Мицкоски

23.01.2025 09:39

Грција потсетува дека за дополнителниот напредок во билатералните односи со Северна Македонија и непреченото продолжување на европскиот пат на соседната земја предуслов е целосното почитување на договорот од Преспа..

По изјавата на премиерот Мицкоски во Њу Џерси пред македонската дијаспора за нерешеното македонско прашање, реакција од Атина дека тоа било провокација за Грција, во обид да го врати во преден план прашањето што веќе е решено.

Грција потсетува дека за дополнителниот напредок во билатералните односи со Северна Македонија и непреченото продолжување на европскиот пат на соседната земја, предуслов е целосното почитување на договорот од Преспа и секако воздржување од иредентистички декларации и претензии кон соседните земји, пишува во соопштението од грчкото МНР.