ИЈЗ

Расте бројот на заболени лица од грип

23.01.2025 10:05

Од 13 до 19 јануари евидентирани се 1,412 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот...

Продолжува да расте бројот на заболени лица од грип и слични заболувања. Од 13 до 19 јануари евидентирани се 1,412 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот.

Тоа претставува 34,1 отсто повеќе во споредба со претходната недела.

Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со трета недела од минатата сезона е намален за 15,7 проценти, а во споредба со бројот за трета недела од типичната епидемиска крива, моделирана од последните 14 сезони, зголемен е за 10,4 отсто, соопштија утрово од Институтот за јавно здравје.

Од новозаболените, 848 лица се на возраст од 15 до 64 години. Во 251 случај станува збор за деца на возраст од пет до 14 години. Додека, 200 се деца на возраст до четири години.