Ракомет

Македонија против Катар во вториот меч од главната фаза на Светското првенство

23.01.2025 11:11

Избраниците на Кирил Лазаров сакаат да извојуваат барем една победа во главната рунда, што би било голема награда за тимот и навивачите кои отпатуваа за Вараждин, Хрватска.

Македонската ракометна репрезентација денеска ќе го одигра својот втор натпревар во главната фаза на Светското првенство против селекцијата на Катар.

Нашите ракометари претходно одиграа реми против Австрија. Избраниците на Кирил Лазаров сакаат да извојуваат барем една победа во главната рунда, што би било голема награда за тимот и навивачите кои отпатуваа за Вараждин, Хрватска.

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, ги искажа своите очекувања за натпреварот.

Катар имаше одлични натпревари на Светското првенство. Борбена селекција со многу натурализирани играчи кои прават разлика на теренот. Нè очекува уште еден неизвесен натпревар. Очекувам уште еднаш да бидеме на високо ниво. Ќе видиме дали тоа ќе биде доволно за позитивен резултат, изјави Лазаров.