Познати девет од 12 екипи кои нема да играат во плејофот на Лигата на шампионите

23.01.2025 11:19

Што се однесува до пласман во Топ 24, имаат и Манчестер сити, односно Динамо Загреб кои се на 25 односно 26 место.

По одигрувањето на натпреварите од 7 коло од фудбалската Лига на шампиони, познати се девет екипи кои нема да можат да влезат во плејофот.

Без шанси за следната фаза во елитното фудбалско натпреварување се: Болоња, Спарта, Лајпциг, Жирона, Црвена ѕвезда, Штурм, Салцбург, Славија и Јанг Бојс.

Моментално се во зоната на плејофот, се ПСВ, Клуб Бриж, Бенфика, ПСЖ, Спортинг и Штутгарт, но три од нив можат да бидат елиминирани.

Што се однесува до пласман во Топ 24, имаат и Манчестер сити, односно Динамо Загреб кои се на 25 односно 26 место.

Последното коло од првата фаза од ЛШ ќе се одигра следната недела, на 28 и 29 јануари.

 

Извор: МИА