Завршува манифестацијата „Крушево етно-град“

31.07.2014 11:21

Во Крушево вечер ќе заврши манифестацијата „Крушево етно-град“, но општината се подготвува за Научно-културните средби „10 дена Крушевска Република“ и одбележување на Илинден. 
 
Денеска во 18 часот пред Столбот на Крушевската Република свечено ќе бидат пречекани коњаниците кои ќе пристигнат од различни делови на  Македонија, а во 20 часот на градскиот плоштад ќе почне богатата културно-уметничка програма со која ќе заврши „Крушево етно-град“.
 
Со драматизации ќе се претстават учениците од ООУ „Гоце Делчев“ од општина Аеродром, ќе  настапат играорците од КУД „Лисиче“ – Скопје и ќе заиграат играорци од  Германија, Норвешка, Холандија, Шведска -  учесници на летниот фолклорен семинар, кој традиционално се одржува во Крушево за  време на манифестацијата етно-град.  Семинарот е под водство на Сашко Анастасов и ансамблот „Вила зора“.