Унгарија
Најмалку 20 училишта во Унгарија евакуирани по закани за бомби
23.01.2025 18:18
Најмалку 20 училишта во Унгарија денеска се евакуирани поради закани за бомби, пренесуваат унгарските медиуми.

Најмалку 20 училишта во Унгарија денеска се евакуирани поради закани за бомби, пренесуваат унгарските медиуми.
Премиерот на земјата Виктор Орбан изјави дека е во контакт со министерот за внатрешни работи и дека безбедноста ќе биде зголемена поради заканите.
„Ќе ја зголемиме безбедноста во предметните училишта и ќе ги истражиме заканите со бомби“, сподели Орбан на социјалните мрежи.
