Свет

Папа Франциск: Вештачката интелигенција може да ја влоши растечката криза на вистината

23.01.2025 19:15

Папата Франциск ги повика политичките и економските лидери на Светскиот економски форум во Давос внимателно да го следат развојот на вештачката интелигенција предупредувајќи дека технологијата може да ја влоши растечката криза на вистината.

Во писмената изјава прочитана во Давос папата ги пофали можностите на технологијата со вештачка интелигенција, но предупреди дека тоа предизвикува голема загриженост за иднината на човештвото, пренесе Ројтерс.

„Резултатите што вештачката интелигенција може да ги произведе се речиси исти како оние што ги создале луѓето, што иницира прашања за нејзиното влијание врз растечката криза на вистината“, рече папата.

Папата претходно му честита на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата инаугурација и изрази надеж дека под негово водство американскиот народ секогаш ќе се труди да изгради поправедно општество.