Поскапуваат дозволите за искачување на Монт Еверест
Дозволата за искачување на највисоката планина во светот, 8.849 метри високата планина Еверест, набргу ќе поскапи првпат по десет години, објавија непалските власти.

Дозволата за искачување на највисоката планина во светот, 8.849 метри високата планина Еверест, набргу ќе поскапи првпат по десет години, објавија непалските власти.
Почнувајќи од септември, сите заинтересирани да се искачат на покривот на светот ќе треба да платат 15.000 долари за дозвола за искачување на Еверест за време на сезоната на искачување, што претставува зголемување на цената за 36 отсто. Дозволата за искачување на Еверест чини 11.000 долари веќе 10-ина години.
Дозволите за планинарите што се упатуваат кон врвот надвор од сезоната на искачување, која трае од април до септември, исто така ќе поскапат 36 отсто, што ќе чини 7.500 долари од септември до ноември и 3.750 долари за искачувања од декември до февруари.
Зимските искачувања на Хималаите се најтешки и ги преземаат исклучиво врвни планинари, а сезоната од април до септември е преполна со комерцијално водени експедиции.
