Трипуновски: По 6 години застој се спроведува вештачки мрест на Охридска пастрмка
Денешната активност е со цел излов на матици и собирање на икра при што двете институции согласно обврските од договорот треба да соберат 1.050.000 зрна икра од кои ќе се одгледа подмладок за порибување“...

„Денеска ја имам честа да присуствувам на вештачкиот мрест на Охридската пастрмка. Оваа активност се спроведува по 6 години застој“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
„За таа цел минатата година се склучија договори со Хидробиолошкиот завод од Охрид и со Институтот за сточарство и рибарство од Скопје, за изведување вештачки мрест и порибување. Денешната активност е со цел излов на матици и собирање на икра при што двете институции согласно обврските од договорот треба да соберат 1.050.000 зрна икра од кои ќе се одгледа подмладок за порибување“, додаде министерот.
Оваа активност е многу значајна за зачувување на Охридската пастрмка како едно од нашите национални богатства и за екосистемот на езерото.
